За Нас

Почитувани,

Водејки се од желбата за креирање на нов пат по кој ќе се движи идниот просперитет и интегритет на Ромите, пат кој мора заеднички да го градиме и по кој треба да зачекориме, политичката партија Роми обединети од Македонија ја започна својата идеолошка борба против нееднаквоста, дискриминацијата, маргинализацијата и општествената исклученост на Ромите од главните општествени и економски текови.

Новата идеолошката мисла РОМ ја започна септември 2013 година, креирана од група на млади интелектуалци и големи ентузијасти и оптимисти за позитивно општество во кое и ние Ромите конечно ќе го завземаме своето соодветно место и дел. Позитивната и гордо историско-патриотска мисла и верување, одлучивме да ја прошириме користејќи го современиот модел на информирање и размена на информации преку социјалните мрежи, каде за само еден ден имавме над 300 поддржувачи, кои во РОМ ја гледаа визијата која оддамна ја посакуваа, а која конечно произлезе од едни храбри и одлучни интелектуалци, кои ништо случајно не создаваа, а единствена водилка во тоа им беше националниот интерес, при тоа почитувајќи го минатото и дејствијата политички кои се имаат случено, но во ниту еден момент не помислувајќи да се вратиме во дискусија за тоа, туку единствено погледот беше свртен кон светлата идна ромска визија која од Ромите ќе направи пристојни граѓани на ова општество со почит од сите кои се дел од него.

Сегашната политичка состојба бара дополнително залагање, промовирање на сеопфатни програми, поголема социјална заштита и потреба од организирана држава која ќе даде поголема подршка на помалите етничи заедници во Република Македонија, со цел поголем просперитет и благосостојба. Недостигот на конзистетна и координирана политика за да се излезе во пресрет на специфичните потреби по однос на ромското прашање, во кое ќе се опфатат круцијални теми и проблеми кои ги тангираат Ромите, ни беше доволен показател дека има голема потреба од формирање на политички ентитет кој преставително со конкретни постапки базирани на знаење и умеење ќе доведат до почетниот процес на имплементација на целта, а потоа и достигнување на вистинската цел – Национално ромско единство кое ќе овозможи здружено и сплотено организирање на политики и механизми за овозможување на подеднаков квалитетен живот на сите Роми.

Роми обединети од Македонија е политичка партија со граѓанско демократска ориентација, чија главна определба е изградба на општество со втемелен хуман, толерантен и подеднаков систем, во кој граѓанинот ја има најголемата вредност, без разлика на постоечките политички, верски, религиски, етнички, полови и низа други различности.

РОМ има за цел да понуди нови вредности, пристап и решавање на општествените предизвици со кои се соочуваат Ромите. Во таа насока, РОМ има за цел да создаде простор за политичко делување во ќе ги запре негативните процеси насочени кон ромскиот народ, предложувајки или нудејки нови идеи и визии за поголем просперитет и интегритет на Ромите.