Извршен Комитет

Извршниот комитет е извршен орган кој ги врши оперативно-политичкте работи;
Мандатот на членовите на Извршниот комитете во време траење од пет години.
По функција членови на Извршниот комитет се и Претседателот, Потпретседателите, Генералниот секретар и други членови кои ќе ги избере Извршниот комитет на предлог на Претседателот.
Седниците на Извршниот комитет ги свикува и со нив раководи Претседателот на партијата, а во случај на негова спреченост или отсуство, седниците може да ги свика и со нив да раководи еден од потпретседателите на партијата овластен од страна претседателот на партијата;
Извршниот комитет на предлог на Претседателот: избира Потпретседатели, Генерален секретар и членови на Претседателството;
Избира носители на други партиски функции;
Носи одлуки за соработка, коалиција или заеднички настап со други политички партии;
Предлага одлуки, ставови и заклучоци до Претседателството на партијата;
Донесува одлуки од материјално финансиски карактер;
Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери Претседателството;
Решава и други прашања поврзани со работата на партијата;
Носи изборна програма;
Донесува деловник за својата работа;
Дава политички насоки за делување на партијата.

 
Членови на извршниот комитет:

1. Ерџан Селими
2. Јаше Сефер
3. Серхан Ахмед
4. Северџан Едип
5. Шаип Исени
6. Ајет Османвски
7. Ерџан Демир
8. Деан Демиров
9. Роланд Бајрам
10. Орхан Селими
11. Ибрахим Сулејман
12. Орхан Јашар
13. Роберт Криези