Комисија за економски прашања

Комисијата за економски прашања е составена од членови на РОМ кои поседуваат образовни и капацитетни компетенции и можности за нудење и адресирање на соодветни механизми за подобрување на економската состојба на ромската заедница во Република Македонија.

Сиромаштијата како состојба од секогаш постоела во општествата, поради аномалиите во системот на организирање на државата. За разлика од минатото, денес сиромаштијата е неприфатлива и претставува постојан предизвик за нејзино отстранување и искоренување, а за жал нашата заедница е најмногу зафатена од овој феномен.

Каква и да е дефиницијата или описот на сиромаштијата главната или основната порака е дека сиромаштијата не е само состојба туку е и неприфатлива состојба. Структурирањето на квалитетна организациона единица за реализација на политиките насочени кон Ромите е само еден од првите чекори и напори кои РОМ во првата своја можност ќе ја лобира и реализира. Креирањето на соодветни и квалитетни програми за унапредување на процесот на вработување и вработливост на годишно ниво со правична и соодветна застапеност е дел од приоритетната активност на РОМ сочинета во социо-економската политика.

Комисијата има редовни состаноци кои се водени од страна на претседателот на комисијата Г-дин Јаше Сефер, дипломиран економист.