Комисија за здравство

Здравствената состојба на Ромите покажува одредени специфики кои се разликуваат од генералната национална слика за здравствената состојба во Македонија, затоа РОМ како сериозен политички субјект ја има формирано Комисијата за здравство која со својот состав од магистри и доктори по различни здравствени области, ќе нуди соодветни и квалитетни решенија за проблемите со кои се соочуваме како заедница во делот на здравството.

Неповолните услови за стекнување на здравствено осигурување, како и неземањето предвид на социјалните потреби на Ромите при усвојување на здравствената регулатива, дополнително ја продлабочува нееднаквоста. Сите горенаведени состојби преставуваат пречки во процесот на остварување на правото на здравствена заштита, меѓутоа уште повеќе преставуваат ризик-фактори за здравствената состојба на ромското население. Непостоењето на релевантни официјални податоци за здравствената состојба на Ромите преставува дополнителен проблем за решавање на здравствените проблеми на ромското население.

Програмата на РОМ ги има таргетирано поголемиот број на проблеми со кои се соочува ромската заедница, согледувајќи ги многубројните анализи истражувања, како и теренски контакти и согледувања и согласно содржаните програмските активности комисијата постојано ќе презентира решенија.

saip

 Комисијата има редовни состаноци кои се водени од страна претседателот на комисијата Г-дин Шаип Исени, м-р д-р Општа стоматологија .