Комисија за образование и развој

Комисијата за образование на РОМ е составена од членови кои освен што поседуваат образовни капацитети, истовремено имаат и долгогодишно искуство во работењето на образовни програми насочени кон Роми.

Како стратешки документи во поглед на образованието на Ромите се сметаат: Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010-2020, Националната стратегија за Ромите, Националната програма за развој на образованието (до 2015), Концепцијата за деветгодишно основно образование, Националниот акционен план за образование (ревидиран), Прирачникот за недискриминација, Прирачникот за учебници, Статегијата за интегрирано образование.

Во овој контекст комисијата ќе ги мониторира и согледува сите можности за унапредување на образовните политики и услови, особено кога станува збор за ромската заедница. Во тек со поличката вклученост на РОМ, комисијата постојано ќе ги нуди програмските активности за интегрирање во системот на образовно функционирање.