Комисија за правни работи

Еднаквост пред законот и еднакви можности за развој на секој граѓанин се основните политички принцип гарантирани со Уставот, кои не секогаш се почитуваат. Комисијата за правна заштита составена од членови на РОМ со образовен и интелектуален капацитет ќе се залага и ќе настојува загарантираните права да се почитуваат. За нас почитувањето на човековите и граѓанските права и слободи, без оглед на расата, бојата на кожа, полот, јазикот, вероисповеста или политичкото убедување, загарантирани со темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е неотуѓиво и елементарно право на секој поединец.

Ентузијазмот, еланот и гледиштата кои го имаат правниците на РОМ, гарантира една поинаква визија за праведно општество, во кои сите граѓани ќе бидат рамноправни. Затоа РОМ има за цел да биде чувар на сонот на многу ромски семејства кои сакаат да уживаат еднакви можности, праведност и правда.

Содржаните програмски активности на РОМ се поткрепа за институционалното влијание кое ќе го има комисијата во прогресот на правото кое треба да го има нашата заедница во сите области.