Роми Обединети од Македонија – РОМ од денес ја продолжува идеолошката борба против нееднаквоста, дискриминацијата, маргинализацијата и општествена есклузија на Ромите, која започна пред 43 години, зад чија подршка и идеја застанаа 14 Роми идеолози во Лондон на Првиот конгрес на Ромите ја дадоа национална посветеност и официјалност, а Организацијата на Обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите, и истовремено нашиот јазик, знаме, нација, култура, традиција и обичај со речиси илјада години стара историја станаа официјално признаена во целиот свет. Денес сме над 12 милиони Роми распространети низ цела Европа и претставуваме најголемото малцинство во Европа.
Новата идеолошката мисла РОМ ја започна септември 2013 година, креирана од група на млади интелектуалци и големи ентузијасти и оптимисти за позитивно општество во кое и ние Ромите конечно ќе го завземаме своето соодветно место и дел. Позитивната и гордо историско-патриотска мисла и верување, одлучивме да ја прошириме користејќи го современиот модел на информирање и размена на информации преку социјалните мрежи, каде за само еден ден имавме над 300 поддржувачи, кои во РОМ ја гледаа визијата која оддамна ја посакуваа, а која конечно произлезе од едни храбри и одлучни интелектуалци, кои ништо случајно не создаваа, а единствена водилка во тоа им беше националниот интерес, при тоа почитувајќи го минатото и дејствијата политички кои се имаат случено, но во ниту еден момент не помислувајќи да се вратиме во дискусија за тоа, туку единствено погледот беше свртен кон светлата идна ромска визија која од Ромите ќе направи пристојни граѓани на ова општество со почит од сите кои се дел од него.
Транспаретноста, истрајноста, посветеноста, отвореноста кон нашите граѓани, иновативноста и различноста од другите политички партии ќе биде главна одлика на РОМ. Сегашната политичка состојба бара дополнително залагање, промовирање на сеопфатни програми, поголема социјална заштита и потреба од организирана држава која ќе даде поголема подршка на помалите етнички заедници во Република Македонија со цел поголем просперитет и благосостојба. Ромите имаат потреба од понатамошно јакнење и интегрирање во главните општествени и економски текови, со цел да се обезбеди траен развој и инклузивност, а особено заштита од дискриминација и расизам. Недостигот на конзистентна и координирана политика за да се излезе во пресрет на специфичните потреби за афирмирање на сиромашното ромско прашање во кое ќе се опфатат круцијални теми и проблеми кои ги тангираат Ромите, ни беше доволен показател дека е време силно и посветено да започнеме со креирање на нов пат по кој кој ќе се движи идниот просперитет и интегритет. Кон овој пат мора заеднички да зачекориме, заедно да ја градиме нашата иднина, да се залагаме за остварувањето на нашите права, на нашите национални интереси, како и просперитет на нашиот народ.
Истрајноста во реализација на целта, РОМ ја согледа во потребата од формирање на политички ентитет кој преставително со конкретни постапки базирани на знаење и умеење ќе доведат до почетниот процес на имплементација на целта, а потоа и достигнување на вистинската цел – Национално ромско единство кое ќе овозможи здружено и сплотено организирање на политики и механизми за овозможување на подеднаков квалитетен живот на сите Роми.
Градејќи ја својата идеолошка цел врз историски мисли, применувајќи граѓанско почитување, потикнувајќи движења на граѓанските права и слободи, градење на верско, религиско и етничко пријателство и елиминирање на дискриминацијата и стереотипноста, поличката партија Роми Обединети од Македонија-РОМ на своето прво Собрание ја донесува следната