Член 1
- Политичката партија “Роми обединети од Македонија” (РОМ) е политичка организација (во понатамошниот текст – партија), која согласно уставните и законски одредби ќе ги застапува политичките, економските, социјалните, културните и другите права и интереси и уверување на своите членови, заземајќи политички ставови за сите значајни прашања од јавниот живот.
Член 2
- Името на партијата е: “РОМИ ОБЕДИНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА”.
- Скратеното име на партијата е “РОМ”.
Член 3
- Седиштето на партијата е во Скопје, општина Гази Баба, на адреса: Палмиро Тољати бр. 28
Член 4
- Партијата има свој печат во тркалезна форма, со пречник од 35 мм во кој, во горниот дел полукружно стои името на партијата, во средината стои знакот на партијата, а во долниот дел полукружно стои Скопје.
- Штембилот на партијата е во правоаголна форма во кој, во горниот дел стои името на партијата,во средината во два реда е означен просторот за број и датум а во долниот дел пишува Скопје.
Член 5
- Партијата има свој заштитен знак, знаме и партиска легитимација.
Член 6
- Политичката партија “Роми обединети од Македонија” е правно лице запишано, во единствениот регистар на политички партии кој се води кај надлежниот суд Основен Суд Скопје 2 – Скопје.
Член 7
- Политичката партија “Роми Oбединети од Македонија” дејствува во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија.
Член 8
- Партијата може да остварува соработка и со други политички субјекти и организации од земјата и од странство, да стапува во коалиција со други партии и да членува во соодветни странски организации. За начинот на соработка и членување, одлука донесува Извршниот комитет на партијата.
Член 9
- Партијата е самостојна, демократска, граѓанска, и отворена за сите кои сакаат да пристапат во неа, како и своите права, должности и одговорности партијата ги остварува согласно со Уставот на Република Македонија, законите и другите правни прописи.